Македонија
12. May 2021 - 16:34

Антикорупциска ќе го успори законот за дивоградби на Уставен суд, невладините со остра критика за донесеното решение

Законот е надвор од секоја логика и според антикорупциска ќе предизвика повеќе штета. Претседателката на ДКСК смета дека по ова може да се стави крај на сите други закони. Ќе бараат од Уставниот суд да го преиспита законот. 

Ова е шамар за граѓаните кои ги почитуваат законите велат од граѓанската иницијатива О2 кои остро се спротиствавуваат на градежната експанзија и ќе поднесат иницијатива до претседателот да не го потпише указот. Според нив на овој начин се загрозува целосно животната средина бидејќи лесно ќе се гради и во национални паркови и над извори за вода. 

Ресорниот министер тврди дека во законот јасно е утврдено дека не може да се легализира објект во заштитено подрачје. Целта била за овие градби да се платат  полни комуналии и плус казнени пенали. 

Од Владата не даваат прецизен одговор колку вкупно дивоградби има во земјава кои ќе може да добијат статус на легални објекти.