Антикорупциска ќе го истражува случајот "Едно евро за црквата едно евро за Вицето"
Антикорупциската комисија отвора предмети за случаите "Глобал", "Едно евро за Вицето едно за црквата".
ДКСК не открива повеќе детали за овие предмети кои ги отвара по пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Антикорупционерите ќе го истражуваат и случајот со фирма на вицепремиерот Анѓушев во која управител е неговиот брат. Компанијата "Тополки", добила земјиште во близина на езерото "Лисиче" за изградба на мала хидроелектрана на реката Тополка.
Државната комисија за спречување корупција отвори предмет и против в.д директорката на Хематологија, д-р Ирена Пановска. Антикорупционерите се сомневаат дека влијаела во тендерите за набавка на лекови во корист на фамилијарната веледрогерија"д-р Пановски". Од ДКСК се сомневаат дека во местењето тендери за набавка на лекови се замешани уште министрите за здравство и одбрана.
На денешната седница, антикорупционерите отворија предмет и против градоначалникот на општина Струга за набавката на автомобилот ауди А6 вреден 67 илјади евра.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков