Македонија
3. April 2019 - 19:23

Антикорупциска ќе бара коруптивно однесување на државни функционери предизборна кампања

Граѓаните да ги следат функционерите од власта со какви автомобили доаѓаат на митинзите порача денеска антикорупциската комисија. Од таму најавија соработка со граѓански здруженија во откривањето на евентуални злоупотреби на државни ресурси за партиски цели. Велат, до овој момент, не откриле ништо.

На веб сајтот на антикорупциска веќе може да се најде списокот со регистарските таблички на државните автомобили а отворена е и можноста преку поставениот формулар секој граѓанин да пријави нарушување на изборниот процес.
Антикрупционерите и денеска ги потсетија функционерите да се воздржат од фрлање лопати и сечење ленти се до завршувањето на изборите.

Александар Спасовски – Сител Телевизија