Македонија
17. September 2019 - 16:19

Антикорупциска бара измени за бенефиции на поранешните претседатели

Антикорупционерите бараат од Владата да го раскине договорот за закуп на кабинетските простории  на поранешниот престедател Иванов во комплексот  висококатници  Џевахир Скај сити. Според комисијата постапката  е направена нетранспарентно   и на блиско лице , а  за сите трошоци се плакаат околу 4 5000 евра без платите на вработените.  Антикорупциска предлага и да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на привилегиите кои им припагаат на бившите претседатели и тие временски да се ограничат, а не да бидат доживотни . За десет години државата за нивните трошоци потрошила над ден милион евра, велат престеметките на комисијата. Ова е недозволиво во една сиромашна и мала земја, вели пресетедателката на антикорупциска, псоочувајки дека во регионот ние сме редок случај за доживотните привилегии на поранешните шефови на државата.

На денешната седница  Комисијата  се произнесе и како ненадлежна во случајот кој го откри  просветниот инспектор Иливески а се однесува на незаконските унапредувања на тројца државни функционери  на ДУИ, министерот за образовабие инаука Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни Агим Нухиу  и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули на државниот универзитет во Тетово.

Инспекторот Иливески кој  беше деградиран на  пониско  работно место поради своето откритие , најави дека нема да се откаже од правдата и ако треба ке оди до Стразбур.