Кошарка
14. јуни 2016 - 9:33

Aнтиќ и Фенербахче го освоија турскиот шампионат

Кошаркарите на Фенербахче ја освоија титулата во турскиот шампионат откако во 6. меч убедливо со 91-70 го совладаа тимот на Ефес Пилсен со што конечниот резултат во победи е 4-2.

Тимот на нашиот Перо Антиќ во еден момент имаше водство од 35 поени разлика со што не дозволи изненадување како во 5. меч кога прокоцка предност од 17 поени. 
Италијанецот Датоме беше најефикасен со 20 поени додека Антиќ не играше во овој меч поради лимитираниот број странци...
Ова е 7. титула за Фенер во домашниот шампионат.