Македонија
1. March 2018 - 16:43

Анти-корупционерите под лупа на Јавното обвинителство

Јавно обвинителство отвори предмет за трошењето на државните пари од членовите на антикорупциската комисија. По допрен глас и информациите добиени од медиумите, обвинителството ќе утврдува како работела комисијата за спречување на корупција.

- Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции, се вели во соопштението.

По внатрешниот ревизорски извештај кој за потребите на ДКСК го направи УЈП владеачкото мнозинство побара оставки од членовите на антикорупциска, по утврденото незаконско трошење на народните пари.

-  Немаат кредибилитет да ја узвршуваат функцијата, вели Ременска

Претседателот на антикорупциската комисија вчера за Сител ги потврди неправилностите кои ги утврдил внатрешниот ревизор, но не одговори дали тој лично ќе покрене постапка за злоупотребите. Тантуровски тврди дека немало лажни патни налози на негово име туку само на членовите од други градови.

Претседателот на комисијата денеска не одговори на прашањето дали ќе поднесат оставки, по јавниот повик од владеачкото мнозинство.