Кошарка
26. November 2019 - 16:10

Антетокумпо до рекордни 50 поени

 
 
Настапот на грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата во која беа одиграни 11 натпревари. 
 
Кошаркарот на Милвоки постави личен рекорд од 50 поени во победата на „Бакси“ пред своите симпатизери против Јута „Џез“ со 122-118. 
Пократ педесетте поени Антетокумпо имаше и 14 скокови и 6 асистенции,  додека во гостинската екипа најефикасен беше Хрватот, Богдановиќ со 24, додека Мичел постигна 20 поени. 
 
Победничката низа која сега изнесува пет натпревари ја продолжија и тимот на  ЛА Лејкерс, кој предводен од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис славеа на гостувањето во Сан Антониот со 114-104. 
 
Ѕвезите на „Лејкеси“ средбата ја завршија до дабл-дабл улинок и тоа, Џејмс покрај 33-те поени имаше и 14 асистенции, а Дејвис на 19-те поени придодаде 12 скокови. 
 
Овие два тима имаат и најдобар „скор“ во досегашниот тек на првенството и тоа „Лекреси“ со 15 победи и се лидери на западот, додека „Бакси“ кои имаа 14 победи и 3 порази се водечкиот тим во Источната конференција.