Македонија
1. January 2021 - 21:06

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ се прости од Џорлев

Од виолинистот и професор Зоран Џорлев со фејсбук статус се прости Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

„ТАЖНА ВЕСТ
Со неизмерна тага ја примивме веста дека денеска, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички предагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ „Танец“, Зоран Џорлев.
Раководството на „Танец“ и сите вработени изразуваат длабоко сочуство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении.
Вечна ти слава,
НУ ТАНЕЦ“, напишаа од „Танец“.

Џорлев почина на 53-годишна возраст. Причината за смртта е компликации од коронавирусот односно откачување на тромб.