Анонимуси го хакираа сајтот на јапонскиот премиер
Хакерската група Анонимуси соопшти дека го хакирала официјалниот сајт на јапонскиот премиер Шинзо Абе, во знак на протест против плановите на Јапонија за лов на китови.
Шефот на Кабинетот на премиерот, Јошихиде Суга на конференција за печат во Токио изјави дека на сајтот на Абе од рано изутрина не може да се пристапи и дека полицијата спроведува истрага, јавија јапонските медиуми.
Суга потврди дека Анонимуси на Твитер објавиле порака во која ја преземаат одговорноста за хакирањето на сајтот, но додаде дека полицијата се уште не потврдила дека хакерската група е главно осомничена.
Во една од пораките на Твитер, објавена пред девет часа, Анонимуси ја критикуваат Јапонија поради лов на китови и предупредуваат дека сајтот на Абе ќе биде блокиран.
Наспроти протестите на организациите кои се борат против ловот на китови, Јапонија повторно ја започна сезоната за лов на овие животни на Антартикот, за која наведуваат дека се спроведува со истражувачки цели.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка