Анкица пред 9 години го уби сопругот и го закопа во дворот: Интерпол трага по неа
Против Анкица Петровиќ (61) од Кикинда покренато е обвинение поради сомнение дека пред 9 години го убила својот сопруг Јован Петровиќ од Кикинда. Злосторството се случило уште во 2007 година и конечно излезе на виделина.За Анкица е распишана и меѓународна потерница во 2010 година, меѓутоа таа не е достапна за правосудните органи, а поради кривичното дело нејзе и е судено во отсуство/
Анкица Петровиќ сите овие години тврдела дека Јован се наоѓа на работно отсуство во Црна Гора. На роднините и пријателите им објаснила дека Јован заминал да работи, а потоа и таа во 2008 година илегално заминала во Австрија.
Меѓутоа на роднините на Јован им било сомнително што тој никому не се јавувал, па го пријавиле неговото исчезнување. На барање на Окружен судија во Зрењанин уште во 2009 година е издадена нарредба да се прекопа нивниот семеен двој во улицата „Водици“ број 5.
Со прекопување на домаќинството кое е направено со булдожер, во близина на полскиот тоалет е пронајден скелет. Врз основа н ДНК анализа е утврдено дека тоа е исчезнатиот Јован Петровиќ. Врз основа на наредба од Окружниот суд издадена е меѓународна потерница по Анкица која во тоа време била во странство.
Во обвиненеието стои дека Анкица Јован го усмртила со парче дрво, по вербалниот дуел меѓу двајцата сопружници кој бил честа појава. По убиството Анкица телото на сопругот го закопала кај полскиот тоалет. kod poljskog toaleta.
Кога почнале луѓето да ја прашуваат каде е Јован, зошто не го гледале подолго време, таа им објаснила дека се наоѓа во Црна Гора.
Како причина за убиството е наведено дека Јован имал проблеми со пијанство и Анкица често пати му се заканувала поради тоа.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци