Македонија
24. November 2015 - 19:40

Анкетна комисија за прислушувањето во Собранието

Час и половина не беа доволни за членовите на собраниската анкетната комисија да го усогласат деловникот за работа.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ имаа најмногу забелешки за одлучување на комисијата, за што во предлог-деловникот стои дека во случај на еднаков број на гласови при носењето на одлуките, одлучувачки ќе биде гласот на претседателот на комисијата.

Според нив недозволиво е било кој пратеник да има право на 2 гласа, а ваква одредба не е предвидена во работата на ниту една собраниска комисија.

Заради поголема ефикасност на комисијата, дел од членовите побараа со деловникот да се ограничи и времетраењето на излагања, прашања и одговори на експертите и сведоците кои ќе бидат повикани за време на работата. На крајот на седницата, претседателот на комисијата Петре Шилегов го прифати барањето на пратениците за усогласување на ставовите во врска со работењето и ги повика претставниците на пратеничките групи утре да  одржат координативен состанок во просториите на СДСМ, а продолжението на денешната седница го закажа во четврток.

Анкетната комисија беше формирана според договорот од Пржино за засветлување на скандалот со прислушувањето.

Првиот извештај треба да биде објавен до крајот на јануари идната година.