Македонија
25. October 2015 - 16:16

Анкетите покажаа- СДСМ стравува од соочување со волјата на граѓаните

Последните анкети на Брима Галуп и Институот за политички истражувања го даваат вистинскиот одговор на прашањето, зошто СДСМ се плаши од избори и ги минира преговорите, коментираат експертите.

Реномирана Брима Галуп во своето последно истражување покажа дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ужива скоро двојно поголем рејтинг од оној на СДСМ. Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка кај 23,5% од гласачите додека во СДСМ веруваат 12,4% избирачи.

Во однос на политичките лидери, Груевски и натаму останува на врвот а неговиот рејтинг е за 3 пати повисок од оној на Заев.

Токму ваквото расположение на граѓаните, според експертите е главната причина поради која, СДСМ ќе стори се во април да не се случат договорените избори.

Дополнителна паника  на Бихаќка предизвика и последната анкета на Институтот за политички истражувања направена за неделникот Република според која Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што може да отвори повеќе работни места, што има подобри економски резултати, подобра е од СДСМ во однос на обезбедување стабилност и безбедност во државата, како и дека води поголема грижа за ранливите категории од населението, за пензионерите, за земјоделците и  за младите.

Експертите велат дека по овие резултати, станува јасно зошто СДСМ во преговорите секојдневно излегува со нови барања и нелогични услови.

Експертите велат дека целта на СДСМ е со блокада на преговорите Македонија да ја загуби препораката за старт на преговорите за да може земјата да стагнира на својот евроатлански пат а за тоа да се обвини владата. Тие коментираат дека бегството од избори е единствениот спас за СДСМ во моментов и дека партијата се надева дека може да дојде на власт без да се организираат избори.