Свет
2. јуни 2016 - 8:42

Анкета: За Русите најголеми непријатели се САД, Украина и Турција

Русите ги сметаат САД, Украина и Турција за најголеми непријатели, се вели во резултати од анкета на Левада, објавени од весникот Ведомости.

Најнепријателски кон Русија е одност на САД, сметаат 72 отсто анкетирани. На второ место е Украина со 48 отсто (48 отсто анкетирани) и на трето место е Турција – 29 отсто анкетирани.

Од своја страна, Русите имаат најлошо мислење за САД (70 отсто) и за Европската унија (62 отсто).

Само 24 отсто анкетирани би сакале Русија да биде дел од ЕУ.

Најголеми пријатели, Русите ги сметаат Белорусија (50 отсто), Казахстан (39 отсто) и Кина (34 отсто).