Свет
27. February 2016 - 12:16

Анкета во Словачка една недела пред парламентарните избори

Последната анкета, една недела пред парламентарните избори во Словачка покажува дека најголем број гласови би освоила актуелната владејачка партија Смер на актуелниот премиер Роберт Фицо, јави дописникот на МИА.

За разлика од претходните избори, кога партијата на Фицо освои повеќе од 44 проценти од вкупниот број излезени гласачи, сега резултатите покажуваат дека би освоила 29 проценти, покажува анкетата која ја направи агенцијата „Феникс“.

Според неа, втора партија за која би гласале Словаците е политичкиот субјект „Мрежа“ која има 17,2 проценти поддршка од електоратот, а по неа со осум проценти од гласачкото тело е Словачката народна партија и МОСТ-ХИД со 7,9 проценти.