Македонија
29. December 2016 - 16:12

Анкета: Висока доверба на граѓаните во верските заедници

Религијата има значајно место во животот на населението во Македонија.. Ова го покажуваат резултатите од студијата на интернет порталот „Религија“, Институтот за политички истражувања и фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Перцепција на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфенсионалните општества.. Според истражувањето, над половина од испитаниците или 52,4 проценти изјавиле дека себеси се сметаат за религиозни.. Речиси 31 процент пак за себе велат оти донекаде веруваат во религија..

Сепак, религиозните учења не влијаат во секојдневието на граѓаните покажува истражувањето.. Само 25 проценти од испитаниците изјавиле дека учењата на верските заедници имаат голема улога во секојдневниот живот..

Истражувањето открива дека населението во државата има доверба во верските заедници на кои припаѓа – речиси 65 проценти од испитаните одговориле дека им веруваат на МПЦ, ИВЗ и останатите цркви.. И покрај ова, тие не би прифатиле судир со припадници од друга религија доколку тоа го побараат нивните верски водачи..

Инаку испитаниците забележуваат дека недостасува комуникација меѓу верските заедници во државата.. На прашањето каква е нивната меѓусебна соработка, 17 проценти изјавиле дека верските заедници воопшто не соработуваат, а по 27 проценти од испитаните граѓани се изјасниле оти верските заедници многу малку или делумно соработуваат..

Според реализираното истражување, моментално во државата има поголема верска толеранција, но сепак испитаниците сметаат дека некој се обидува да ја урне меѓурелигиската толеранција во Македонија..

На прашањето од анкетата за припадност во религија, 72,5 проценти се изјасниле дека се дел од православието додека 21,6 проценти изјавиле дека се припадници на исламската религија..  

Студијата на „Религија“, Институтот за политички истражувања и фондацијата Конрад Аденауер е направена на крајот од минатиот месец.. Во неа биле вклучени 1111 испитаници..