Македонија
8. јуни 2016 - 16:07

Анкета: Ставовите и личните убедувања на граѓаните се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и натаму со повеќе од двојна предност пред СДСМ. Последната анкета на угледната агенција Брима Галуп покажува дека скоро 39% од македонските гласачи ВМРО-ДПМНЕ ја сметаат за поблиска партија до своите ставови и убедувања наспроти нешто помалку од 19% кои поблиска партија гледаат во СДСМ. Кај вкупното гласачко тело, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 26,3% а на СДСМ 14,6%. Во ДУИ веруваат скоро 6%, 3,2% во ДПА а скоро 26% немаат блиски ставови со ниту една партија.

Скоро 40% Македонци сметат дека ВМРО-ДПМНЕ има програма која носи подобра иднина за Македонија наспроти 18% кои се наклонети кон СДСМ.

Секој втор Македонец на анкетата се изјаснил дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во средината во која живее, наспроти 15% кои поголема активност гледаат во СДСМ.

Анкетата покажува дека граѓаните немаат дилема дека власта на ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата. Тоа го сметаат дури 41,5% граѓани, наспроти 17,5% кои сметаат дека СДСМ би водел подобра политика.

Анкетата е спроведена теренски во периодот од 5 до 12 мај врз репрезентативен примерок од 1006 испитаници од страна на Брима галуп која важи за една од најугледните рејтинг агенции и редовно ги изработува и анкетите за угледниот американски институт ИРИ.