Балкан
28. August 2015 - 20:23

Анкета: СИРИЗА со 1,2 проценти предност пред Нова демократија

За СИРИЗА на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на вонредните парламентарни избори во септември ќе гласаат 29 проценти од избирачите, а за конзервативната партија Нова демократија - 27,8 отсто, покажуваат резултатите од анкетата изработена од „Метрон анализ“.

За новоформирана партија Народно единство, формирана од дисидентите на СИРИЗА, се изјасниле 4,1 отсто од испитаниците.

Ултрадесничарската партија Златна Зора има поддршка од 8,3 проценти, а потоа следи центристичката Потами со поддршка од 6,7 отсто.

Според резултатите од анкетата поранешниот коалициски партнер на СИРИЗА, Независни Грци нема да освои три проценти од гласовите, колку што е потребно за влез во Парламентот. ми/17:52