Свет
28. October 2019 - 13:47

Анкета: Шпанските социјалисти водат пред изборите

Шпанските социјалисти на изборите што се закажани на 28 април ќе добијат 31,1 отсто од гласовите, со што би освоиле од 137 до 139 пратенички места во 350-члениот Парламент, покажуваат резултатите на најновата анкета на ГАД3.

За коалицијата на трите десни партии Народна партија (ПП), Граѓани и ултрадесничарската Вокс би освоиле 45,6 проценти од гласовите, со што би освоиле од 149 до 158 пратенички места, но и тоа не е доволно за мнозинство, за кои треба 176 пратеници.

Социјалистот Педро Санчез би можел повторно да биде избран за премиер ако успее да формира уште едно парламентарно мнозинство со помош на ултралевичарската партија Подемос, како и со националистичките партии од Валенсија и Баскија.

Санчез би можел да се обиде да состави коалиција со Граѓаните, но тие претходно одбија соработка со социјалистите.