Македонија
17. March 2021 - 16:54

Анкета: Само 3 проценти би се вакцинирале со АстраЗенека, најпосакувана вакцината на Фајзер

Ако утре пристигнат вакцини, само половина од граѓаните би се вакцинирале. Ова го покажува последната анкета на Институтот за демократија. 

39% од граѓаните ја преферираат вакцината на Фајзер, на второ место со 21% е руската Спутник, додека пак со кинеската Синофарм од која Македонија очекува најмногу дози би се вакцинирале само 6% од македонските граѓани. Вакцината на Модерна ја преферираат 5% од испитаниците. Последна на листата е вакцината на Астра Зенека која се очекува прва да пристигне во земјава, која според анкетата би ја примиле само 3% од македонските граѓани. 

Според 53% од анкетираните, Владата не се справува успешно со состојбите во здравството, економијата и образованието.  

Анкетата на институтот за демократија е спроведена теренски во периодот од 17 февруари до 10 март годинава, на репрезентативен промерок од 1050 испитаници.