Македонија
11. November 2018 - 16:41

Анкета: Рестрикцијата за возилата нема да го намали аерозагадувањето - главен загадувач е греењето

Граѓаните сметаат дека рестрикција на сообраќајот нема позначајно да го намали загадувањето во главниот град. А токму тоа е една од акциите што Владата ќе ги преземе со цел намалување на загадувањето. Според нив начинот на греење е главниот загадувач, а не возилата. За мерката не се доволно информирани.

Инаку, старите налепници што се добиваа при регистрацијата ќе се заменат со нови, во зелена, жолта или црвена боја во зависност од степенот на штетни гасови што ги испушта автомобилот.

Според податоците со кои што располага Министерството за животна средина, во текот на работните денови околу 30.000 возила од внатрешноста дополнително циркулираат во главниот град. Граѓаните кои доаѓаат во главниот град ќе треба да внимаваат дали се движат во зоната дозволена за нивното возило.

Посебен проблем ќе имаат граѓаните што поседуваат постари возила, а мора да заминат во болница или имаат итен случај.

Ќе има казни за непочитување на забраните за движење, но предвидени се и казни за техничките служби доколку не ја издадат соодветната налепница.

Законот влегува во собраниска процедура.