Анкета: Пораст на рејтингот на Франсоа Оланд
Франсоа Оланд, кој на почетокот на декември се откажа да се кандидира за реизбор, бележи раст на популарноста, а само 30 проценти од Французите изјавиле дека сакаат кандидатот на десцницата Франсоа Фијон да биде избран за претседател, јави дописникот на МИА од Париз.
Во анкетата на ИФОП за „Журнал ди Диманш“ учествувале 1.949 испитаници, а истата била спроведена од девети до 17 декември. Според резултатите 19 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на шефот на државата наспроти 81 отсто кои се изјасниле дека се незадоволни.
Поранешниот министер за внатрешни работи, кој го замени Мануел Валс на функцијата премиер, добива поддршката на 51 процент од испитаниците.
Анкетата покажува дека 28 отсто посакауваат победа на Фијон, кандидатот на десницата на претседателските избори во 2017 година, според анкетата .
Десет проценти од испитаниците сакаат „апсолутна“ победа на поранешниот премиер на Никола Саркози, сега пратеник во Националното собрание од Париз. Меѓу поддржувачите на Републиканците , 76 отсто сакаат победа на нивниот канидат, наспроти 17 проценти кај Националниот Фронт и осум отсто кај поддржувачите на левицата. Спротивно на тоа, 72 проценти од испитаниците не сакаат победа на поранешниот премиер (34 отсто „малку“ и 38 проценти „воопшто не“).
Резултатите покажуваат и дека 55 отсто од испитаниците оцениле дела Фијон ќе победи на изборите во во 2017 година.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите