Бизнис
27. April 2020 - 14:24

Анкета: Половина од компаниите претрпеле 100% штета од корона кризата

Половина од компаниите претпреле до 100% штети во работењето предизвикани  од корона кризата.,40 отсто имаат намален обем на работа  од 80 до 100% и 86 отсто сметаат дека економските мерки на Владата не одговараат  на потребите на бизнисот и нема да им помогнат да ја пребродат кризата. Поразителни бројки објави Сојузот на Стопананките комори од истражувањето за проблемите со кои се соочуваат микро, малите и средни компании кои сочинуваат 99,8 отсто од вкупниот број правни субјекти. Според него -  13% од фирмите имале штета до 80 отсто, исто толкав процент  до 60, а само 1% се изјасниле дека кризата не оставила никакви последици врз работење.

„Речиси сите претпримачи се соочуваат со намален обем на работа, а голем дел не се во можност да се задолжат со ниви кредити , за да ја пребродат кризата“, изјави Благоја Гроздановски.

И покрај намалениот обем на работа, дури 85% ги задржале сите работници на работа, додека 15 отсто морале да поделат откази. Ако Владата не донесе мерки кои ќе им помогнат да го пребродат периодот, секоја втора фирма планира да го намали бројот на вработени., затоа што нема да имаат пари за да исплатат плати. За најголем дел од фирмите, досегашните владини мерки се неприменливи, освен финансиката поддршка од 14,500 денари.

Мерката финансиска поддршка 14.500 денари, се изјасниле дека планираат да ја користат 47% од претпријатијата, 32 % не одлучиле, а 21%  воопшто не планираат да ја користат. Најголем дел од претпријатијата, односно 86%, сметаат дека економските мерки кои ги донесе Владата не се во согласност со потребите на стопанството и нема да ја исполнат целта да се преброди состојбата, додека само 14% од компаниите сметаат дека мерките се во согласност со нивните потреби. Вкупно 65% од претпријатијата одговориле дека се уште немаат аплицирано за дел од понудените економски  мерки за справување со кризата донесени од Владата, 19% аплицирале, а 16% воопшто не планираат да ги користат економските мерки.

Стопанството не сака дополнително да се задолжува. За понудениот кредит преку Развојната банка, 65% воопшто не  аплицирале, а само 8% побарале бескаматен кредит. Најлошото допрва доаѓа, предупреди и првиот човек на Стопанската Комора, Азески. Од средината на наредиот месец, ликвидноста ќе биде значително нарушена, со што третиот квартал ќе биде катастрофално лош. Нарачките се сведени на минимум, металопреработувачката индустрија прва ќе ги почувствува последиците, ќе трпи извозот, а од јули сите останати гранки. Затоа бараат од Владата  реално информирање за моменталната сосотојба, на прецизен начин да каже кога, со колку средства и кои дејности ќе бидат помогнати, како и итна финансиска поддршка без големи администрирања и комплицирања, наведува Азески.