Анкета: Половина од Германците не сакаат Меркел да добие четврти мандат
Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката околу повторното кандидирање за оваа функција, а најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзиниот евентуален четврти мандат.
Според анкетата спроведена од социолошката служба Емнид за весникот „Билд“, 50 отсто од испитаниците биле против нов мандат на Меркел, додека 42 процента се изјасниле дека сакаат да ја видат повторно на функцијата канцелар. Седумдесет отсто од приврзаниците на ЦДУ сакаат таа да ја зачува функцијата до изборите, а 22 процента сметаат дека треба да се повлече.
Парламентарните избори во Германија ќе се одржат следната година.
Како што пренесува весникот „Шпигел“, одлуката за кандидатура Меркел ќе ја донесе следната година, најверојатно во февруари.
Ова е вторпат Меркел да ја одложува својата одлука за кандидатура.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи