Свет
24. јуни 2020 - 15:35

Анкета: Поддршката за Трамп за справувањето со пандемијата досега на најниско ниво

Како што пренесуваат странските агенции, Трамп беше бавен во јавното признание за сериозноста на пандемијата, од која починаа повеќе од 120.000 Американци, но побара од државите побрзо да се отворат пред да се изјаснат експертите дека состојбата е безбедна.

Членовите на Републиканската партија на Трамп исто така се повеќе песимистични од кој било период на неговиот мандат.

Од нив, 43 проценти изјавиле дека веруваат дека земјата оди во „вистинска насока“, што е најниската стапка на поддршка од моментот кога Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

Анкетата е спроведена на 1.115 лица, меѓу кои 503 демократи и 408 републиканци.