Анкета на МЦМС: Пендаровски со 27,2 отсто пред Силјановска со 23,5 и Река со 11 отсто отсто
Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2 отсто) пред Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5 отсто), односно разликата е 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на Телевизија Телма.
Во овој извештај „Претседателски избори 2019 – втора анкета“ се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните во земјава во однос на претстојните претседателски избори, добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот од 7 до 11 април годинава.
Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11 отсто од испитаниците што е речиси идентична со таа од претходната анкета, додека Пендаровски, за разлика од првата анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени.
Резултатите покажуваат дека Силјановска-Давкова има поголема поддршка кај етничките Македонци (32,6 отсто) за разлика од Пендаровски (28,6 отсто). Пендаровски, пак, има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5 проценти) отколку Силјановска-Давкова (0,4 проценти). Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за 5,3 отсто во однос на претходната анкета. Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6 проценти).
И во оваа анкета, како и во претходната, мнозинство од испитаниците, односно 68,1 отсто рекле дека ќе излезат, а нешто помалку од една четвртина или 22,5 отсто рекле дека нема да излезат на изборите.
Споредено со претходната анкета, пораснал процентот на оние што сигурно ќе излезат на избори од 37,2 отсто на сегашните 41,8 отсто, а малку се намалил процентот на оние кои сигурно нема да излезат на изборите од претходните 20,4 проценти на сегашните 18,3 отсто.
Големо мнозинство од етничките Македонци односно 71 отсто и мнозинство од етничките Албанци (63,3 отсто) одговориле дека ќе излезат на гласање. Сепак, според анкетата, изјавите за излезност на гласање треба да се земат со голема резерва, бидејќи праксата покажува дека реалната излезност е доста помала од онаа што се декларира при вакви анкети.
Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 967 испитаници.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари