Македонија
16. March 2017 - 16:19

Анкета на ИПИС: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, паѓа на СДСМ

Забрзано расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 11 декември, покажува последната Анкета на институтот за политички истражувања Скопје, спроведена во периодот меѓу 10 и 13 март врз примерот од 1100 испитаници.

Според неа, доколку следната недела се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,1% од анкетираните а поддршка на СДСМ би му дале 21,8%.

Меѓу етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ. За најголемата македонска партија би гласале над 34% Македонци, а СДСМ би добил поддршка од 24%.

Меѓу Албанците ДУИ има најголем рејтинг со над 21%. Следи СДСМ со 13% и БЕСА со нешто под 10% рејтинг.

Во споредба со изборните резултати од декември, за три месеци рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ скокнал за повеќе од 1 ипол  процентен поен, од 25.5 на 27.1%.

Истовремено, социјалдемократите загубиле над 2 и пол процентни поени

- До некаде и беше очекуван ваков развој на настаните со оглед дека она што е прифатено за што дознаваме од етничките албански партии кај Македонците и другите етникуми не наидува на одобрување и едноставно тие ја казнуваат спремноста на СДС да отиде на таков чекор и да ја прифати платформата од Тирана. И очигледно е дека падот на рејтингот на СДСМ е кај Македонците и другите етникуми, додека кај етничките Албанци поддршката е како на изборите, горе-долу.

Според Божиновски, удел во падот на рејтингот на СДСМ имаат и коалиционите партнери на Заев.

Села во последните неколку недели даде серија изјави во кои тврдеше дека МАкедонците се народ без идентитет и дека тој не ги признава македонската химна и знамето. За овие изјави од СДСМ, немаше никаква реакција.