Македонија
13. December 2015 - 20:11

Aнкета на Брима Галуп и Република: Прогнозата е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски ќе однесат убедлива победа на парламентарните избори во април најавува најновата анкета на реноминараната рејтинг агенција БРИМА ГАЛУП. Последното испитување на јавното мислење покажува дека дури 70,2 проценти од македонците сметаат дека владејачката партија има поголема поддршка од граѓаните наспроти СДСМ за кои се изјасниле само 11,2 проценти.  Доколку следната недела би се одржале нови избори 33,3 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО ДПМНе, 14,7за СДСМ, по 0,5 проценти одговориле дека ќе гласаат за некоја од останатите партии, неодлучни се 10,8 проценти исто толку одговориле дека нема да гласаат.

И оваа најнова анкета покажува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски е неприкосновен меѓу политичките лидери со најголем поддршка од граѓаните.

Со 32,3 проценти Груевски ужива над 3,5 пати поголема доверба од лидерот на СДСМ за кој се изјасниле само 9 проценти. На прашањето кој би победил доколку се организираат предвремени парламентарни избори, 55,9 одговориле дека тоа ќе биде ВМРО ДПМНЕ, додека 12,1 ги сметаат за победници СДСМ.

 Резултатите од анкетата се пренесени само за мислењето на македонците со оглед на фактот дека на сите досегашни избори етничките албанци во Македонија речиси 100 % гласале за политичките партии во албанскиот политички блок. Истовремено како што објаснува порталот Република со чија соработка е спроведена анкетата, истражувањето е генерално насочено со прашања кои се однесуваат за двете најголеми македонски политички партии. Поаѓајќи од фактот дека македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО ДПМНЕ или СДСМ.

Со изработени над 500 истражувања со најголема точност на резултатите, независната агенција БРИМА ГАЛУП претставува една од најверодостојните агенции за истражување на јавното мислење.Теренската анкета е спроведена во периодот од 29 октомври до 3 ноември година на примерок од 1007 испитаници.