Балкан
8. March 2017 - 16:04

Анкета: Мнозинствто Срби се „за“ ЕУ, но „против“ НАТО

Поголемиот број на Србија се за членство во Европска унија и се против членството во НАТО, а се задоволни од сегашното ниво на соработка со Русија, покажуваат резултатите од анкетата на Белградскиот центар за безбедносна политика.

Истражувањето покажува дека Србите во Русија гледаат воена сили, но и економски и технолошки гигант.

Резултатите покажуваат дека е намалена довербата на Србија во ЕУ, но оти Унијата и понатаму е авторитет за прашањата за владеење на правото и демократијата, а од членството очекуваат економска корист и подобрување на имиџот на Србија во светот.

Поголемиот број од испитаниците изјавиле дека се „за“ членство во ЕУ, но ако услов за членството биде признавање на Косово тогаш мнозинството би се откажале од присоединување во европското семејство.

Четириесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ.