Анкета: Мнозинството граѓани се против присуство на мигранти во Романија
Повеќе од половината Романци се против присуството на бегалци во нивната земја, се наведува во извештајот на „Асоцијацијата Про демократија“ со наслов „Предизвиците на бегалската криза од европска и национална перспектива“.
Во извештајот се посочува дека 45 проценти од Романците бегалската криза ја поврзуваат со социјални конфликти, а 31 отсто со религиозни конфликти, додека приближно 50 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат несигурно поради кризата со мигрантите.
Поголемиот број Романци се изјасниле против квотите за мигрантите, додека над 50 отсто од испитаниците изјавиле дека бегалците треба да бидат сместени во посебни кампови.
Елеодор Прву од Дирекцијата за азил и интеграција во Генералниот инспекторат за имиграција изјави дека досега во Романија годишни биле поднесувани од 1.200 до 1.300 молби за азил.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот