Свет
3. May 2017 - 11:13

Анкета: Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори во Франција

Центристот Емануел Макрон ќе победи в недела во вториот круг од претседателските избори во Франција против Марин ле Пен, кандидат на крајната десница, покажуваат резултати од анкетата на институтот Севипоф.

Според анкетата, Макрон ќе добие со 59 отсто од гласовите, додека Ле Пен ќе освои 41 отсто.

Истражувањето е спроведено  врз 13.742 лица и е едно од последните анализи на избирачите пред гласањето на 7 мај.