Бизнис
5. September 2016 - 12:42

Анкета: Компаниите имаат проблем со наплата на побарувањата од јавниот сектор

Над 40 проценти од компаниите имаат проблем со наплата на побарувањата. Особено, посочуваат, е позабележливо тоа кога станува збор за наплата на побарување од јавниот сектор.

Ова го покажуваат резулатите од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија во август годинава, а ги презентираше денеска на прес-конференција.

Со цел да се надмине ваквата состојба СКМ бара да се направат измени пред да стапи во сила новиот Закон за извршување од јануари 2017 година, откако беше пролонгирано спроведување од 20 август годинава.

Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија истакна дека се бара приватните компании да може да ги напалатат своите побарувања од јавниот сектор од слободната парична маса на прептријатието на сметка.

Таа додаде дека се покренува ова барања бидејќи во оваа анкета, која е трета годинава, првпат  компаниите посочуваат дека имаат проблем при наплата на побарувањата по судска одлука.

- Компаниите се целосно оневозможени да ги наплатат побарувањата и како Стопанска комора имаме реакција за да се постигне рамноправност меѓу субејктите, рече Билјана Пеева Ѓуриќ.

Таа потенцира дека во анкетата 97 процените од анкетираните укажале дека не се соочуваат со некој проблем, дека повратот на ДДВ е од 1 до 3 месеци и дека таа динамика е прифалтива, но посочуваат дека се чувствуваат проблеми во однос на ликвидноста кога станува збор за поврат на ДДВ со поголем износ.

Тоа, како што рече Пеева Ѓуриќ, повлекува дополнителни трошоци за компаниите бидејќи тие во такви ситуации, како што посочиле во анкетата, треба да земат кредит за да можат да ги сервисираат своите обврски. 

Во оваа трета по ред анкета годинава на Стопанската комора на Македонија опфатени се 800 компании од различни сектори.