Свет
29. јуни 2016 - 9:24

Анкета: Клинтон со 11 отсто предност пред Трамп

Кандидатката на демократите на американските претседателски избори Хилари Клинтон е во предност пред републиканскиот противник Доналд Трамп за 11 отсто, се вели во резултати од анкета на Ипсос/Ројтерс.

Анкетата спроведена меѓу 24 и 28 јуни покажува дека 45,3 отсто Американци ја поддржуваат Клинтон, додека 34,1 отсто го поддржуваат Трамп. Во анкетата се додава дека 20,5 отсто испитаници не поддржуваат ниту еден од нив.

Во петокот предноста на Клинтон беше 14 отсто.

Во извештај на Конгресот за нападот врз мисијата во Бенгази во 2012 година е обвинета Клинтон, тогашен државен секретар дека ја потценила екстремистичката закана во Либија. Тешкиот инцидент во Бенгази подолго време фрла сенка врз работата и однесувањето на Клинтон, како член на админстрацијата на претседателот Обама, нанесувајќи и штета во досегашниот тек на избрната кампања.