Македонија
24. October 2015 - 16:31

Анкета: Груевски и ВМРО - ДПМНЕ со најголема доверба кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ со далеку поголема доверба кај граѓаните, покажува последната анкета на Институтот за Политички Истражувања, спроведена по барање на неделникот Република.

51% од граѓаните сметаат дека ВМРО ДПМНЕ како партија е подобра во економијата и отварањето на нови работни места, наспроти 24,3% кои сметаат дека СДСМ се подобри во ова прашање.

Владејачката партија со тројно повисока поддршка кај пензионерите. Дури 64,9% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нуди поголема поддршка за пензионерите наспроти само 20,8 кои сметаат дека СДСМ е подобар за нив.

ВМРО-ДПМНЕ доминира и кај останатите категории. Граѓаните сметаат дека оваа партија нуди поголема подршка и за младите, земјоделците и ранливите категории од населението.

Борбата со корупцијата и криминалот, стабилноста, ЕУ и НАТО интеграциите какои и меѓуетничките односи исто така оценети како поголема доблест за ВМРО-ДПМНЕ отколку за СДСМ.

Дури 49,9% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е подобро организирана партија и има повеќе кредибилитет во исполнувањето на зацртаните планови и програми. Наспроти само 18,8% кои сметаат дека СДСМ доминира по ова прашање.

41,6% од граѓаните сметаат дека ВМРО ДПМНЕ има подобра програма а двојно помалку, 20,2% сметаат дека на Бихаќка припремиле подобра програма. 38,1% од грашаните сметаат дека владејачката партија има подобар политички кадар, наспроти 27,5% кои сметаат дека социјалдемократите нудат подобри кадровски решенија.

Телефонската анкета на ИПИС е спроведена во периодот од 5 до 8 октомври, на репрезентативен примерок од 1110 испитаници кои одговарале на повеќе прашања поврзани со довербата во работата и капацитетите на двете најголеми политички партии на македонската политичка сцена.