Анкета: Граѓаните се уште се плашат да пријавуваат корупција
Поголем дел од граѓаните сметаат дека Владата има волја да се справи со корупцијата, но голем е и процентот на оние кои не го делат ваквиот впечаток, покажуваат резултатите од телефонската анкета што е спроведена од агенцијата „М-проспект“ на барање на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.
Од вкупно 1.000 анкетирани, 22 проценти одговориле потврдно дека Владата има волја да се справи со корупцијата, а 33 проценти изјавиле дека Владата донекаде има волја за справување со оваа појава. Триесет и пет проценти сметаат дека таква волја не постои кај Владата.
Интересно е тоа што граѓаните со најниски примања сметаат дека не постои таква волја кај Владата, додека кај оние со највисоки примања постои убеденост дека Владата има волја за справување со корупцијата.
Резултатите од анкетата покажуваат и дека повеќе од половина и покрај промената на власта не се чувствуваат послободни да пријавуваат корупција. Голем е и процентот на граѓани кои не одговориле на прашањето, што, како што се наведува, може да се должи на незаинтересираност или неинформираност за тоа како може да се пријави корупција.
Околу 70 проценти од анкетираните сметаат дека борбата против корупцијата на новата Влада е иста или дури и влошена споредено со претходната власт. Близу една третина сметаат дека е подобрена.
Телефонска анкета е спроведена од 19 до 26 јануари годинава.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите