Македонија
18. March 2016 - 10:38

Анкета: Граѓаните најголема доверба имаат во Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Во периодот помеѓу 13 и 15 Март 2016 година Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1 075 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. 

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена 

поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Со оглед дека целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии.

Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето.