Свет
29. January 2016 - 9:31

Анкета: Четириесет отсто Германци сакаат оставка од Меркел

Најновите анкети покажуваат дека 40 отсто Германци сметаат дека канцеларката Ангела Меркел би требало да поднесе оставка поради својата политика спрема бегалците, објави денеска магазинот Фокус.

Според анкети, 45,2 отсто анкетирани веруваат дека Меркел не треба да поднесе оставка заради политиката спрема бегалците.

Германскиот аналитичар Михаел Шпренг неодамна изјави дека Меркел во следните осум недели ќе биде под голем притисок поради бегалската криза и ќе биде принудена да постави прашање за доверба на Владата.

Анкетата е спроведена во периодот од 22 до 25 јануари врз 2.047 Германци.