Анкета: Ако сега се одржат избори 16 отсто од избирачите би гласале за Зеленски, а 27 отсто за Залужни
Само 16 отсто од избирачите би го поддржале украинскиот лидер Володимир Зеленски доколку изборите се одржат во овој момент, покажа анкета што ја споведе Социолошка асоцијација на Украина, објави украинскиот портал Зеркало Недели.
Според резултатите, поранешниот висок украински генерал Валериј Залужни е многу попопуларен од Зеленски, а 27 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за него. Залужни, кој во февруари беше разрешен од должноста шеф на вооружените сили, стана амбасадор на Украина во Лондон.
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој загуби од Зеленски на изборите во 2019 година, би добил 7 отсто доколку гласањето би се одржало сега, а следен е шефот на военото разузнавање Кирил Буданов со 6 отсто.
Петнаесет отсто од испитаниците се изјасниле дека не знаат за кого би гласале, додека 10 отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.
Зеленски е на власт во Украина и покрај тоа што неговиот мандат официјално истече во мај. Тој претходно се откажа од претседателските избори, повикувајќи се на вонредната состојба што ја воведе за време на конфликтот со Русија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување