Анкара: САД ја загубија својата објективност
Турција изразува жалење поради ветото на САД во Советот за бебзедност на ОН на резолуцијата за статусот на Ерусалим, соопшти турското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека тоа уште еднаш покажло оти Вашингтон „ја загубил својата објективност".
- Со Резолуцијата, која е подготвена во согласност со меѓународното право и потребната легитимност, се бара од сите земји да се усогласат со другите резолуции на Советот за безбедност на ОН во врска со Ерусалим. Осаменоста на САД за време на гласањето е најјасната индикација дека одлуката за Ерусалим е нелегална, се наведува во соопштението.
Според Министерството, гласањето покажало дека одлуката на Вашингтон за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, е нефункционална во секој поглед и ќе се одрази врз регионалниот мир и стабилност.
Во соопштението се додава дека Турција „ќе продолжи да ја поддржува Палестина и нејзиниот народ“, пред се преку Генералното собрание на ОН и другите меѓународни организации.
САД вчера во Советот за безбедност на ОН ставија вето на нацрт-резолуцијата за Ерусалим, што на иницијатива на Турција ја предложи Египет, со која се оценува дека „одлуката за статусот на Ерусалим нема правно дејство и мора да биде отфрлена“.
За време на седницата, 14 од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН ја поддржаа нацрт-резолуцијата, додека САД гласаа против, со што ставија вето на документот.
Нацрт-резолуцијата беше поддржана од страна на Велика Британија, Франција, Кина, Русија, Уругвај, Боливија, Етиопија, Италија, Јапонија, Казахстан, Сенегал, Шведска, Украина и Египет.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември потпиша одлука со која го призна Ерусалим како главен град на Израел и најави преместувањето на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Таквата одлука предизвика реакции и протести во голем број држави ширум светот, а пред се во арапските и муслиманските земји.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.