Балкан
3. January 2017 - 13:09

Анкара очекува администрација на Трамп да запре со поддршката на сириските Курди

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека Турција очекува новата американска администрација да запре со поддршката и со доставувањето оружје на силите на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористичка група поврзана со курдската Работничка партија (ПКК).

- САД не семат да дозволат нашето стратегиско партнерство да биде засенето од една терористичка организација, изјави Јилдирим.

Тој изајви дека Турција нема да ја смета администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за одговорна за доставувањето оружје на групата Сили за заштита на народот на сириските Курди, туку дека одговорноста за тоа ќе ја сноси Владата на актуелниот претседател Барак Обама.