Балкан
5. November 2015 - 13:35

Анкара најави планови за операција против ИД

Турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу денеска најави дека Турција подготвува операција против џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ТАСС.

- Имаме планови за спроведување операција против ИД во следните денови. Треба заеднички да и се спротивставиме на таа закана, изјави Синирлиоглу.

Синирлиоглу не прецизираше каде ќе биде спроведена операцијата - во Ирак, Сирија или турските погранични региони, ниту дали во неа ќе учествуваат воздухопловните или копнените сили на Турција. 

- ИД претсавува закана за нашиот начин на живот и за нашата безбедност. Ќе проодлжиме да им пружаме помаш на Ирак и на Ирачки Курдистан се до целосното уништување на сите терористички организации, нагласи шефот на турската дипломатија.

Синирлиоглу оцени и дека е неоходно да се најде решение за сириската криза, додавајќи дека „проблемот мора да биде решен на демократска основа“.