Фудбал
11. July 2018 - 10:38

Ањели отиде на Пелопонез да му честита на Роналдо

Колку е Јувентус голем клуб и колку му значи трансферот на Роналдо кој е рекорден во Италија со 117 милиони платени евра покажува оваа фотографија направена на Пелопонез каде одмара Португалецот и тоа пред да се обелодени трансферот.
На фотографијата се Ањели и Роналдо заедно со агентот Жорж Мендеш, адвокатот на играчот Осорио и уште неколку вработени на агенцијата Жестифуте со шампањ го „залеале“ историскиот трансфер во Јувентус.
Се очекува и прес конференција во понеделник а веќе се во продажба и дресовите со името на Роналдо и се најавува дека со овој потег старата дама ќе направи и ќар од овој трансфер откако претходно акциите на клубот пораснаа за 6%.