Бизнис
21. May 2018 - 16:27

Анита Ангеловска Бежоска избрана за нов гувернер на НБРМ

Едногласно и експресно, Македонија доби нов гувернер. Анита Ангеловска Бежоска е прва жена на оваа позиција, избрана е со 81 глас за. Доби поддршка од сите парламентарни партии. Бежоска доаѓа на главната позиција во НБРМ доаѓа по осум години во вицегувернерската фотелја.

Бежоска беше втор предлог на претсдеателот Иванов. Тој најпрво го прелдожи досегашниот гувернер Богов кој се повлече од трката заради несогласувањата во СДСМ. ДУИ исто така дадоа поддршка на Бежоска иако претходно се залагаа нивнито кадар Фатмир Бесими да седне на гувернерската фотелја.

Анита Ангеловска Бежоска е доктор по економски науки, со долгогодишно искуство во НБРМ, Министертсвто за финансии и МММФ во Вашингтон. Родена е 1971 година во Шведска, мажена и мајка на три деца.