Македонија
8. December 2017 - 14:31

Анима мунди: Нападите се случиле од расно куче, бараат одговорност

Здружението за заштита на животните Анима Мунди во реакцијата по повод синоќешниот случај на неколку напади врз шест лица, меѓу кои и деца од страна на куче - скитник во Аеродром наведува дека станува збор за расно - куче, а вината ја лицираат во неодговорните сопственици кои го пуштиле на слобода.

- Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале/научиле да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин ја изложуваат јавноста на опасност – во нив е целата одговорност и бараме итно да одговараат, наведуваат од Здружението.

Изразувајќи дека се потресени и засегнати лично, наведуваат дека нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон и оти се обидуваат да го лоцираат сопственикот, односно тој што го ослободил. 

Од Анима мунди, воедно, информираат дека првпат наидуваат на институционална подготвеност да се третира и надмине овој проблем, поточно интензивно се работи со Град Скопје за да се дефинираат хумани, применливи и ефикасни мерки што ќе го решаваат проблемот со бездомните кучиња, и стационар Вардариште.