„Анима мунди“: Да им се помогне на настраданите животни во невремето
Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ ги повика граѓаните и институциите: Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за храна и ветеринарство, да се вклучат во акција за спасување на настраданите животни во невремето во скопскиот регион.
Од Здружението бараат животните да бидат сместени на безбедно место или граѓаните и институциите на телефонските броеви 077 487 253 и 077 487 255 да ги контактираат здруженијата давајќи точна информација за локацијата, каде животните се во опасност.
Од „Анима мунди“ апелираат граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност да сторат се за да му помогнат. Според нив, најважно е да го ослободат (одврзат) животното, бидејќи доколку остане врзано, нема можност да преживее, да се обидат да го сместат на безбедно, да му дадат по можност храна и вода и да побараат помош.
Од Здружението ги повикуваат граѓаните да им доставуваат фотографии и информација за точната локација каде животните се во опасност.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари