Loading Video...
Фудбал
9. May 2019 - 9:26

Англиско финале во Мадрид во Лигата на шампионите

Откако Ливерпул на „магичен“ начин во вторникот ја елиминира Барселона, речиси идентично и Тотенхем успеа да го мине Ајакс и да се избори за финале во Лигата на шампионите.   
 
 
Фудбалерите на Тотенхем синоќа со хет-трикот на Лукас Моура и тоа со погодок во последната секунда успеа да надополни три гола негатива и да го совлада Ајакс со 3:2 во ревам полуфиналниот меч, октако холандскиот тим го доби првиот во Лондон со 1:0. 
 
А, се започна фантастично за домаќините откако Матис де Лихт уште во 5.минута го постигна првиот гол за Ајакс, а половина час подоцна Хаким Зиеш зголеми на 2:0.
 
Но, во второто полувреме на сцена стапи Моура кој со головите во 55-тата, 59-тата и во 95-минута му донесе триумф на Тотенхем и пласман во финалето.
 
Дуелот за трофејот во шампионската лига ќе се игра на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид,