Loading Video...
Фудбал
18. November 2018 - 17:04

Англија со пресврт победа над Хрватска до полуфиналето во Лигата на нациите

 
 
Репрезентацијата на Англија со пресврт славеше победа над Хрватска со која го освои првото место во четвртата група од А зоната во Лигата на нациите. 
 
На средбата одиграна на „Вембли“, гостите од Хрватска поведоа во 57.минута по соло акција на Андреј Крамариќ , кој едноставно ја измеша целата англиска одбрана. 
 
Но, тоа не ги поколеба Англичаните. Напротив.  Во 78.минута 
Џеси Лингард го израмни резултатот, а капитенот Хари Кеј со својот прв гол во ова натпреварување во 85.минута им донесе голема радост на домаќините поставувајќи ги конечните 2:1 за Англија. 
 
Со оваа победа Англичаните го освоија првото место во групата со 8 бодови, пред Шпанија која заврши со 6 и Хрватска која собра 4 бода. 
Воедно Англија и се приклучи на Португалија во полуфиналето од најквалитетната група во Лигата на нациите, а за поостанатите две конкурираат четири селекции, Франција и Холандија од групата 1, односно Белгија и Швајцарија од групата 2.