Loading Video...
Фудбал
22. March 2020 - 13:08

Англичаните ќе „жртвуваат“ европско место, само да се доигра Премиер лигата

Националните спортски федерации контринуирано прават планови како де ги доиграат односно завршат прекинатите првенства. Англичаните предничат во тој поглед. Засега не ни размислуваат да стават крај на сезоната, односно истата да не биде доиграна. Напротив. 

Откако во четвртокот, ФА заедно со тимовите од Премиер лигата да нема фудбал до 30 април и првенството да продолжи во мај, сега се разгледува опцијата шампионатот да продолжи на 1 јуни и да се доигра за само шест недели и тоа без присуство на публика.

Како што пренесува „Телеграф“, клубовите се подготвени да се откажат од едно мество во Лига Европа само да се доигра сезоната.

Имено за четирите прво рангитани екипи загарантирано е место во групната фаза во Лигата на шампиони, за за 5-тоо и 6-то пласираните во групната фаза од Лига Европа, додека седмо рангираниот тим треба да игра квалификации за ЛЕ. 

Но, во таква ситуација жртва ќе биде токму седмиот тим кој треба да игра во ЛЕ квалификациите кои засега според предвидениот календар на УЕФА се предвидени за јули месец.