Анѓушев во Вашингтон: Инвеститорите од Америка се добредојдени во Македонија
Инвеститорите од Америка се добредојдени да инвестираат во Македонија, а Владата ги презема сите чекори со кои гарантира стабилна и поволна бизнис клима.
Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средба со средба Сенаторот Кристофер Марфи одржана во Вашингтон, каде вицепремиерот учествува на Трансатланскиот економски форум насловен како „Градење мостови на Медитеранот“.
Кабинетот на вицепремерот за економски прашања соошти дека Анѓушев на средбата го запозна сенаторот Марфи со реформските активности на Владата на Република Македонија, нагласувајќи ја силната посветеност кон што побрза евроатланска интеграција на земјата.
- Владеењето на правото е предуслов за привлекување странски капитал. Владата од првиот ден ги презеде сите чекори со кои се гарантира стабилна и поволна бизнис клима. Инвеститорите од Америка се добредојдени да инвестираат во Македонија, нагласи Анѓушев.
Тој посочи дека Владата на Република Македонија е фокусирана кон целосно враќање на довербата на граѓаните во институциите и подвлече дека иднината на земјата е во членството во НАТО и Европската Унија.
Кристофер Скот Марфи е истакнат член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД и е одличен познавач на состојбите во региониот на Југоисточна Европа.
Марфи истакна дека САД ги подржува реформските процеси во Република Македонија, нагласувајќи го интересот на официјален Вашингтон за безбеден и стабилен регион, целосно интегриран во НАТО и во ЕУ.
Изразувајки благодарност до сенаторот Марфи за поддршката на стратегиските приоритети на Владата на Република Македонија, вицепремиерот Анѓушев посочи дека очекува конструктивниот пристап и помошта на САД да продолжи и натаму во насока на полноправно членство на земјата во НАТО.
Денеска за време на Трансатлантскиот економски форум, вицепремиерот Анѓушев ќе има обраќање на панелот „Македонија: вртење на нова страница“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација