Бизнис
9. April 2019 - 19:32

Анѓушев: Во следните 4 години тројно ќе се зголеми производството од обновливи извори на енергија

Новиот Закон за енергетика овозможува нови инвестиции во секторот и особено зголемување на производството на енергија од обновливи извори, изјави вицепремиерот Анѓушев на меѓународниот енергетски форум, што се одржува во Берлин.

Очекувањата се дека во наредните 4 години тројно ќе се зголеми производството од обновливи извори на енергија во земјава.