Бизнис
26. јуни 2019 - 16:47

Анѓушев оптимист - реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде поголема од лани

Годинава реазлизацијата  на капиталните проекти ќе биде подобра, односно ќе ги надмине ланските 65 отсто, очекува вицепремиерот Анѓушев. И покрај тоа што реализацијата за пет месеци е само 13,7 проценти  или од предвидените  420 за пруги, автопати, градинки училишта и други крупни проекти потрошени се едвај 58 милиони евра ,Анѓушев тврди дека  проблемите на ова  поле се веќе детектирани  и во втората  половина очекува многу поголема реализација.

Деновиве ќе се знае дали  кинеската Ексим банка ќе продолжи да го финансира еден од најркупните капитални проекти во земјава- автопатот Кичево- Охрид или ќе треба Владата да  бара  нови извори на средсва за да може да продолжи градбата.

Експертите сметаат дека слабата реализација на капиталните инвестиции е или поради лошо менаџирање или поради лошо планирање на расходите. Предлагаат веднаш да се направи ребаланас на буџетот.

И 2018 беше лоша за капиталните проекти, но  тогаш владата уверуваше дека до крајот на годината нивната реалзиација ќе надмине 80 отсто. Откако беа реализирани само 65 проценти од предвидените проекти, Владата со ребаланс на буџетот од околу 400  милиони кое беа наменети за оваа ставка, скрати  100 милиони евра и дел од  пари ги пренамени за враќање на долговите на општините.